عربيEnglish

The Noble Qur'an Encyclopedia

Towards providing reliable exegeses and translations of the meanings of the Noble Qur'an in the world languages

Stoneland, Rock city, Al-Hijr valley [Al-Hijr] - Macedonian Translation

Surah Stoneland, Rock city, Al-Hijr valley [Al-Hijr] Ayah 99 Location Maccah Number 15

1. Елиф-лам-ра. Ова се ајети од Книгата, од Куранот јасен!

2. Неверниците честопати ќе зажалат што не станале муслимани.

3. Пушти ги нека јадат и нека се насладуваат, и нека ги мами надежта – ќе дознаат тие!

4. А ниту една населба не сме уништиле, а да не ѝ бил пропишан одреден рок.

5. Ниту еден народ не може да го забрза ниту да го успори својот крај.

6. Тие велат: „Еј ти, кому му се објавува Куранот, ти навистина си луд!

7. Зошто мелеци не ни донесеш, ако е вистина тоа што го велиш?“

8. Ние мелеците ги испраќаме само со Вистината, и тогаш не би им се дало време да чекаат.

9. Ние го објавуваме Куранот и Ние над него ќе бдееме.

10. И пред тебе на поранешните народи Пратеници им испраќавме.

11. И ниту еден Пратеник не им дојде, а да не го исмејуваа.

12. Ете така Ние го внесуваме Куранот во срцата на престапниците.

13. Тие во него нема да веруваат, а веќе е применета законитоста на казнувањето врз дамнешните народи.

14. Кога на небото би отвориле порта поради нив и тие низ неа да се искачуваат,

15. тие повторно би рекле: „Само ни се причинува, ние сме маѓепсани луѓе.“

16. Ние на небото големи ѕвезди создадовме и за тие што ги набљудуваат ги украсивме,

17. и ги чуваме од секој проклет шејтан.

18. А тој што скришно прислушкува ќе го стигне светилка видлива.

19. А Земјата ја распостеливме и по неа неподвижни планини расфрлавме и направивме на неа сè со мерка да расте.

20. И од неа ви даваме храна, а и на тие што вие не ги храните.

21. И не постои ништо чиишто ризници не ги поседуваме, а од тоа Ние даваме само толку колку што е потребно.

22. Ние праќаме ветрови да оплодуваат, а од небото спуштаме дожд, па со него ве напојуваме – вие не можете да располагате со тоа.

23. И само Ние даваме живот и смрт, и само Ние сè наследуваме.

24. И само Ние ги знаеме тие што ви претходеа, и само Ние ги знаеме тие што подоцна ќе дојдат.

25. А Тој, Господарот твој, навистина ќе ги собере. Тој е Мудар и Зналец.

27. А уште претходно ги создадовме џините од вжарен оган.

28. И кога Господарот твој им рече на мелеците: „Јас ќе го создадам човекот од глина, од сува кал.

29. И кога ќе му дадам лик и кога во него ќе вдахнам душа, вие поклонете му се со сеџда.“

30. Сите мелеци, заедно, се поклонија,

31. освен Иблис; тој не сакаше со нив да се поклони.

32. „О, Иблис,“ – рече Тој – „зошто ти не сакаше да се поклониш?“

33. „Не ми доликува да се поклонувам на човек кој си го создал од глина, од сува кал.“

34. „Тогаш, излегувај од Џенетот!“ – рече Тој – „Биди проклет!

35. И проклетството нека се задржи на тебе сè до Судниот ден!“

36. „Господару мој,“ – рече тој – „дај ми време до Денот кога тие ќе бидат оживеани!“

37. „Ти се дава рок“ – рече Тој –

39. „Господару мој,“ – рече – „затоа што ме донесе во заблуда, јас на нив на Земјата лошите дела како убави ќе им ги претставувам и таквите сите да ги заведам,

40. освен Твоите искрени робови меѓу нив“.

41. „Ова е Правиот пат кон Мене.“ – рече Тој.

42. „Ти нема да имаш никаква власт над робовите Мои, освен над тие што ќе те следат, од тие заталканите.“

43. За сите нив, местото на средбата, Џехенемот ќе биде,

44. тој седум порти ќе има и низ секоја одреден број од нив ќе мине.

45. Тие што се плашеле од Аллах и што се чувале од тоа што им е забрането, тие во џенетските градини покрај изворите ќе бидат.

46. „Влезете во нив безбедни, од стравот ослободени!“

47. И Ние злобата од нивните гради ќе ја отстраниме, тие како браќа на диваните едни спроти други ќе седат,

48. тука замор нема да чувствуваат, тие од таму никогаш нема да излезат.

49. Кажи им на робовите Мои дека Јас, навистина, Сум Тој што простува и дека Сум Милостив,

50. но и дека Мојата казна, навистина е болна казна!

51. И извести ги за гостите на Ибрахим,

52. кога му влегоа и му рекоа: „Мир!“ Тој рече: „Ние се исплашивме од вас.“

53. „Не плаши се!“ – рекоа, ти носиме радосна вест, учен и мудар син ќе имаш.

54. „Ми носите радосна вест сега кога староста ме стигна?“ – рече тој – „Со што ме израдувавте?“

55. „Ти носиме радосна вест, која навистина ќе се оствари,“ – рекоа тие – „затоа не губи надеж!“

56. „Надеж во милоста на својот Господар можат да изгубат само тие што се во заблуда.“ – рече тој.

57. И запраша: „А што сакате вие, о, гласници?“

58. „Ние сме му испратени на народот престапнички,“ – рекоа –

59. „само сите Лутови чеда ќе ги спасиме,

60. освен жената негова. Одлучивме дека таа ќе остане со останатите и казната ќе ја вкуси.“

61. И кога гласниците му дојдоа на Лут,

62. тој рече: „Вие сте ми навистина непознати!“

63. „Не!“ – рекоа тие. „Ние ти доаѓаме со тоа во што овие постојано се сомневаа,

64. ти доаѓаме со тоа што навистина ќе се случи, а ние вистината ја зборуваме.

65. Отпатувај со своето семејство во подоцнежниот дел од ноќта, а ти оди последен, и никој од вас нека не се врти назад, туку продолжете во правецот кој ви е нареден!“

66. И Ние му го објавивме тоа што ќе се случи: дека тие, сите до последен, во мугрите уништени ќе бидат.

67. И дојдоа жителите на градот, весели.

68. „Ова се мои гости,“ – рече – „па не засрамувајте ме,

69. и плашете се од Аллах, и не понижувајте ме!“

70. „А зарем не ти забранивме кого било да примаш?“ – повикаа тие.

71. „Ако веќе сакате нешто да сторите, ете ви ги ќерките мои!“ – рече тој.

72. Се колнам во животот твој, тие во пијанството свое талкаа.

73. И нив ги снајде страшен глас, кога Сонцето излегуваше,

74. и Ние сторивме тоа што беше горе да биде долу, и врз нив како дожд од камења од скаменета глина истуривме.

75. Тоа се навистина поуки, за тие што внимателно гледаат.

76. Тој е покрај патот, и сега постои.[149]

77. Тоа е навистина поука за тие што веруваат.

78. А и жителите на Ејка беа неверници,[150]

79. па Ние ги казнивме, и двата се видливи покрај патот.[151]

80. И жителите на Хиџр ги сметаа Пратениците за лажни,[152]

81. а Ние Нашите докази им ги дадовме, но тие од нив главите ги свртеа.

82. Тие куќите во ридови ги делкаа, верувајќи дека се сигурни,

83. па и нив во мугри страшен глас ги снајде,

84. и од никаква корист не им беше тоа што го стекнаа.

85. Ние небесата и Земјата и тоа што е меѓу нив, со Вистината го создадовме. Часот на оживување навистина ќе дојде, затоа ти великодушно прости,

86. Господарот твој создава сè и Тој е Сезнајниот.

87. Ние ти ги објавивме седумте ајети[153] кои се повторуваат[154] и Големиот Куран.

88. Не гледај допадливо кон тоа што Ние им го даваме за уживање на некои од нив и не биди тажен поради нив, а кон верниците биди благ

89. и кажи: „Јас само јавно опоменувам“,

90. како што и следбениците на Книгата ги опоменавме,

91. тие што Куранот го сметаа за маѓија.

92. И се колнам во Господарот твој, сите нив на одговорност ќе ги повикаме

93. поради тоа што го правеа!

94. Ти јавно исповедај го тоа што ти се наредува и остави ги многубошците.

95. Ние ќе те заштитиме од тие што се исмејуваат,

97. Ние добро знаеме дека ти е тешко во душата поради тоа што тие го зборуваат,

98. затоа слави Го Господарот свој и заблагодарувај Му, и извршувај сеџда,

99. и обожувај Го Господарот свој сè додека не ти дојде смртта!