The Noble Qur'an Encyclopedia
Towards providing reliable exegeses and translations of the meanings of the Noble Qur'an in the world languagesThe Prophets [Al-Anbiya] - Macedonian Translation
Surah The Prophets [Al-Anbiya] Ayah 112 Location Maccah Number 21
1. На луѓето им се ближи Часот на полагањето на нивната сметка, а тие безгрижни, не внимаваат на тоа.
2. И не им доаѓа ниту една нова опомена од Господарот нивен на која, слушајќи ја, не ѝ се потсмеваат
3. со расеани срца. А злосторниците шепотат: „Дали е овој нешто друго освен човек како и вие? Зарем ќе ја следите маѓијата, а гледате дека е?!“
4. „Господарот мој знае,“ – рече тој– „што се зборува на небото и на Земјата; Тој сè слуша и сè знае!“
5. Тие дури и велат: „Тоа се само збунети соништа; тој го измислува (Куранот); тој е поет; нека ни донесе некакво чудо како и претходните Пратеници!“
6. Ниту еден град кој Ние пред нив сме го уништиле не поверува во чудо, па зарем овие ќе поверуваат?
7. И пред тебе само луѓе им праќавме и им објавуваме, затоа прашајте ги учените луѓе (меѓу следбениците на Книгата) ако вие не знаете!
8. Ние не сме ги создале како тела кои живеат без храна, ниту пак тие беа бесмртни.
9. Потоа ветувањето им го исполнувавме, и нив, и тие кои сакавме, ги спасувавме, а тие што негираа ги уништувавме.
10. Ние ви ја објавуваме Книгата во којашто е славата ваша, па зошто не се опаметите?
11. А колку насилнички населби имаше кои Ние ги уништивме и по кои други народи подигнавме!
12. И штом силата Наша ќе ја почувствуваа, од нив ќе се разбегаа.
13. „Не бегајте, вратете се на уживањата ваши и на домовите ваши, можеби некој нешто ќе ве праша.“
14. „Тешко нам,“ – ќе велеа – „ние, навистина, бевме насилници“.
15. И ќе лелекаа така сè додека не ги направевме, како жито пожнеано, неподвижни.
16. Ние не ги создадовме небото и Земјата и тоа што е меѓу нив, за забава.
17. Да сакавме да се забавуваме, ќе се забавувавме така како што Ни доликува, но Ние тоа не го правиме,
18. туку со вистината ја потиснуваме лагата, вистината ја гуши и лагата исчезнува; а тешко вам поради тоа што за Него го изнесувате!
19. Негово е тоа што е на небесата и на Земјата! А тие[192] што се кај Него не одбиваат да Му бидат покорни, и не се заморуваат,
20. Го слават и ноќе и дење, не се истоштуваат.
21. Зарем киповите, кои тие од земја ги прават, ќе ги оживеат мртвите?
22. Да управуваа други богови со Земјата и небесата, а не Аллах, ќе се побркаа. Па нека е возвишен Аллах, Господарот на Аршот, од тоа што Му го припишуваат!
23. Тој нема да биде прашан за тоа што го прави, а тие ќе бидат прашани.
24. Зарем покрај Него да земаат други богови?! Кажи: „Дајте го вашиот доказ!“ Овој Куран е опомена, а и претходните Книги се опомена за тие што биле пред мене. Меѓутоа, повеќето од нив не ја знаат Вистината, па се вртат.
25. Пред тебе ниту еден Пратеник не испративме, а да не му објавевме: „Нема бог освен Мене, затоа Мене обожувајте Ме!“
26. Тие велат: „Семилосниот си зел дете!“ Возвишен нека е Тој! А мелеците се само робови почитувани.
27. Тие не зборуваат сè додека Тој не им одобри и постапуваат така како што Тој ќе им нареди.
28. Тој знае што правеле и што ќе прават, и тие ќе се заземаат само за тој од кого Тој ќе биде задоволен, а и тие самите, од страв кон Него, се плашат.
29. А ако некој од нив би рекол: „Јас сум, освен Него, бог!“, би го казниле со Џехенем, бидејќи Ние така ги казнуваме насилниците.
30. Зарем не знаат неверниците дека небесата и Земјата беа една целина, па Ние ги распарчивме, и дека Ние од вода сè живо создаваме? Па зарем нема да веруваат?
31. Ние по Земјата неподвижни планини разместивме за таа да не ги потресува, па по нив премини и патеки направивме за тие да стигнуваат каде што сакаат.
32. А небото го направивме заштитен свод, а тие од Неговите знаци се вртат.
33. И ноќта и денот Тој ги создаде, и Сонцето и Месечината, и сите тие во вселената пловат.
34. И Ние ниту на еден човек пред тебе не му дадовме вечност; ако ти умреш, зарем тие довека ќе живеат?
35. Секое живо суштество смртта ќе ја вкуси! Ние ве ставаме на искушение и во добро и во зло и Нам ќе ни се вратите.
36. Кога неверниците ќе те здогледаат, само те исмејуваат: „Дали е тоа тој што вашите божества ги хули?“
37. Човекот е создаден да брза.[193] Ќе ви ги покажам Јас вам доказите Свои, затоа Не ме брзајте.
38. Тие велат: „Кога веќе еднаш ќе биде тоа ветување, ако вистината ја говорите?“
39. А да знаат неверниците дека тогаш нема да можат да го оттргнат Огнот од лицата свои и грбовите свои, и дека никој нема да може да им пружи помош,
40. туку дека ненадејно ќе им дојде и ќе ги изненади, и дека нема да можат да го спречат и дека нема време да им се даде.
41. И пред тебе Пратениците ги исмеваа, па тие кои им се потсмеваа ги стигна токму тоа за што се потсмеваа.
42. Кажи: „Кој, освен Семилосниот, ноќе и дење ќе ве штити? Никој!“ Но сепак тие од Опомената на Господарот свој се вртат.
43. Зарем нивните божества, а не Ние, ќе ги одбранат? Та тие самите себеси не можат да си помогнат, и никој од Нашата казна не ќе може под закрила да ги земе.
44. Ние на овие, а и на предците нивни, им дадовме да уживаат сè додека животите им траеја. А зарем тие не гледаат дека Ние во земјата нивна доаѓаме и дека од краевите нивни ја намалуваме, па како тие би биле победници?!
قُلۡ إِنَّمَآ أُنذِرُكُم بِٱلۡوَحۡيِۚ وَلَا يَسۡمَعُ ٱلصُّمُّ ٱلدُّعَآءَ إِذَا مَا يُنذَرُونَ [٤٥]
45. Кажи: „Јас ве опоменувам со Објавата!“ – но, глувите не слушаат повик кога биваат опоменувани.
46. А само делче од казната на Господарот твој ги допре, сигурно ќе повикаат: „Тешко нас, навистина самите на себеси неправда си сторивме!“
47. Ние на Судниот ден терезиите[194] на правдата ќе ги поставиме, па никому неправда нема да му биде направена: ако нешто биде тешко дури и колку зрно синап, Ние за тоа ќе казниме или ќе наградиме. А доста е тоа што Ние за сметките ќе испрашуваме.
48. Ние на Муса и на Харун им дадовме Фуркан[195], светло и опомена за богобојазливите,
49. за тие кои од Господарот свој ќе стравуваат и кога никој не ги гледа, и кои од Часот на оживувањето ќе стравуваат.
50. И ова е благословената Опомена која ја објавуваме, па зарем вие да ја негирате!?
51. Ние уште претходно на Ибрахим разумност му дадовме и добро го познававме.
52. Кога тој на својот татко и на својот народ им рече: „Какви се овие кипови кои дење и ноќе ги обожувате?“
53. – тие одговорија: „И нашите предци ги обожуваа.“
54. „И вие сте, а и предците ваши беа, во јасна заблуда.“ – рече.
55. „Го зборуваш ли ти тоа сериозно или само се шегуваш?“ – запрашаа тие.
56. „Не,“ – рече – „Господарот ваш е Господар на небесата и на Земјата. Тој нив ги создал, и јас сум ви сведок за тоа.
57. Се колнам во Аллах, јас навистина на вашите кипови ќе им наштетам откако ќе се оддалечите.“
58. И тој ги испокрши во парчиња, освен најголемиот, за нему да му се обратат.
59. „Кој им го стори ова на боговите наши?“ – повикаа тие – „Тој навистина е насилник.“
60. „Чувме едно момче како зборува против нив,“ – рекоа – „името му е Ибрахим.“
61. „Донесете го, луѓето да го видат,“ – рекоа – „за да посведочат.“
62. „Дали ти го стори ова со боговите наши, о, Ибрахиме?“ – запрашаа.
63. „Тоа го стори најголемиот од нив; прашајте ги ако знаат да зборуваат.“ – рече тој.
64. И тие се прибраа, па самите си рекоа: „Вие сте, навистина, насилници!“
65. Потоа главите ги наведнаа и рекоа: „Ти знаеш дека тие не зборуваат!“
66. „Па зошто тогаш, наместо Аллах, ги обожувате тие кои не можат да ви користат ниту од вас некаква штета да отстранат?“ – запраша тој.
67. „Тешко вам и на тие кои, наместо Аллах, ги обожувате! Зошто не се опаметите?“
68. „Запалете го и на боговите ваши помогнете им, ако сакате тоа да го направите!“ – повикаа.
69. „О, огну!“ – раковме Ние – „Стани ладен и спас за Ибрахим!“
70. И сакаа да му сковаат завера, но Ние ги направивме најголеми губитници!
71. И го спасивме и него и Лут, во земјата која за луѓето ја благословивме,
72. и му го подаривме Исхак, и Јакуб како внук, и сите ги направивме добри,
73. и ги направивме водачи за да упатуваат според заповедта Наша, и им објавивме да прават добри дела, и намаз (молитва) да извршуваат, и зекат да даваат, и само Нас нè обожуваа.
74. И на Лут мудрост и знаење му дадовме, и од градот, во кој жителите негови одвратни работи правеа, го изведовме, тоа навистина беше народ развратен и зол,
75. и во милоста Наша го внесовме; тој е навистина од добрите.
76. И спомни го Нух – кога во дамнешно време повика, па Му се одѕвавме, и него и неговото семејство од голема казна ги спасивме,
77. и од народот, кој невистинити ги сметаше доказите Наши, го заштитивме. Тоа беа лоши луѓе, па сите ги потопивме.
78. И спомни ги Давуд и Сулејман, кога судеа за посевот што во ноќта нечии овци го испасле, и Ние бевме сведоци на судењето нивно
79. и направивме Сулејман да проникне во тоа, а на двајцата мудрост и знаење им дадовме. И ги потчинивме планините и птиците за со Давуд, на Аллах да Му заблагодаруваат: Ние бевме кадарни тоа да го направиме.
80. И го научивме да изработува панцири за вас, за да ве штитат во борбата со непријателот, па зошто не сте благодарни?
81. А на Сулејман, силен ветер му потчинивме, по негова заповед дуваше кон земјата која ја благословивме; а Ние сè добро знаеме,
82. и шејтани некои, заради него да нуркаат, а правеа и други работи, и над нив Ние бдеевме.
83. И на Ејуб, кога Господарот свој Го повика: „Мене неволја ме снајде, а Ти си од милостивите, Најмилостивиот“,
84. му се одѕвавме и неволјата која го снајде му ја тргнавме, и му го вративме, со милоста Наша, семејството негово, и со нив уште толку, и да им биде поука на тие што Нам ни се покорни.
85. И спомни ги Исмаил и Идрис и Зулкифл[196], а сите тие беа трпеливи.
86. И ги внесовме во милоста Наша, тие навистина беа меѓу добрите.
87. И спомни го Зунун[197], кога гневен отиде и помисли дека нема да го усмртиме, па потоа во темнините тажно замоли: „Нема бог освен Тебе, Славен си! Јас, навистина, бев од тие што си сторија насилство!“
88. Па му се одѕвавме и од тешкотијата го спасивме; ета така Ние ги спасуваме верниците.
89. И (спомни го) Зекерија, кога Го повика Господарот свој: „Господару мој, не оставај ме сам, а Ти си Најдобриот Наследник!“
90. Па Ние му се одѕвавме и му го подаривме Јахја и му ја излечивме жената. Тие се трудеа што повеќе добри дела да направат и Ни се молеа и во надеж и во страв, и кон Нас беа понизни.
91. А (спомни ја) и таа[198] што ја сочува девственоста своја, во неа живот вдахнавме, и неа и синот нејзин доказ за светот ги направивме.
92. Навистина оваа ваша вера е една вера, а Јас Сум ваш Господар, па Мене обожувајте Ме!
93. И тие меѓу себе во верата се разделија, а сите Нам ќе ни се вратат.
94. Кој ќе прави добри дела, а при тоа ќе биде и верник, трудот нема да му биде лишен од награда, бидејќи Ние сигурно сме го забележале.
95. А не е допуштено жителите на кој било град, кој Ние сме го уништиле, да се вратат!
96. И кога ќе се отворат Јеџуџ и Меџуџ и кога низ сите стрмнини итајќи ќе се спуштаат,
97. и ќе се приближи Вистинската закана, тогаш погледите на неверниците ќе се вкочанат. „Тешко нас, ние кон ова рамнодушни бевме, ние самите себеси неправда си сторивме!“
98. И вие и тие кои, покрај Аллах, ги обожувате, ќе бидат гориво во Џехенемот, а во него навистина ќе влезете.
99. Тие да се богови, не би влегле во него, и сите во него вечно ќе престојуваат.
100. Во него пригушено ќе издишуваат, во него ништо радосно нема да чујат.
101. А на тие на кои уште претходно убава награда им ветивме, тие од него далеку ќе бидат.
102. Бучењето негово нема да го чујат, и вечно во тоа што душите им го посакуваат ќе уживаат;
103. нема да ги загрижува најголемиот ужас, туку мелеците ќе ги дочекаат: „Еве, ова е вашиот Ден, ветен на вас!“
104. Тој Ден, кога ќе ги свиткаме небесата како што се свиткува лист хартија, така како што првиот пат од ништо создадовме, така повторно од ништо ќе создадеме, тоа е ветувањето Наше, Ние навистина тоа ќе го сториме.
105. Ние во Зебурот, по Опомената, напишавме дека Земјата Моите добри робови ќе ја наследат.
106. Во ова, навистина, има порака за луѓето кои го обожуваат Аллах,
107. а тебе само како милост на световите те пративме.
108. Кажи: „Мене ми се објавува дека вашиот Бог е Еден Бог, па само Нему бидете Му предани!“
109. А ако тие се свртат, ти кажи: „Јас сите вас, без разлика, ве опоменав, а не знам дали е блиску или далеку Тоа што ви се ветува;
110. Тој ги знае гласно изговорените зборови, го знае и тоа што го криете,
111. а јас не знам да не ви е тоа искушение и пружање уживање уште за извесно време.
112. Господару мој, пресуди така како што заслужиле!“ – рече тој – „А Господарот наш, Семилосниот, е Тој кај Кого треба да се бара помош против тоа што вие го изнесувате.“