عربيEnglish

The Noble Qur'an Encyclopedia

Towards providing reliable exegeses and translations of the meanings of the Noble Qur'an in the world languages

The Prostration [As-Sajda] - Macedonian Translation

Surah The Prostration [As-Sajda] Ayah 30 Location Maccah Number 32

1. Елиф-лам-мим!

2. Објавувањето на Книгата, за која нема сомнеж, е од Господарот на световите,

3. а тие велат: „Тој ја измислува!“ Не, таа е Вистината од Господарот твој за да го опоменуваш народот на кој пред тебе не му дошол никој за да го опоменува, за да се упатат по Вистинскиот пат.

4. Аллах, небесата и Земјата и тоа што е помеѓу нив во шест временски периоди ги создаде, а потоа над Аршот се возвиши; вие, освен Него, немате ни заштитник ни посредник, па зошто не се вразумите?

5. Тој управува со сè, од небото до Земјата, а потоа сето тоа Нему Му се враќа во Денот кој, според вашето сметање на времето, трае илјада години.

6. Тоа е Тој што го знае и невидливиот и видливиот свет, Силниот и Милостивиот.

7. Кој сè совршено создава, Кој првиот човек започнал да го создава од глина –

8. а потомството негово го создава од сржта на природата на незначителната течност,

9. потоа складно го оформува и живот му вдахнува, и Тој слух и вид и разум ви дава, а колку малку заблагодарувате!

10. Тие велат: „Зарем, кога ќе исчезнеме под земја, повторно создадени ќе бидеме?“ Тие во средбата со својот Господар не веруваат.

11. Кажи: „Мелекот на смртта, кој за тоа ви е одреден, душите ќе ви ги земе, а потоа кај Господарот свој ќе се вратите.“

12. Да можеш да ги видиш злосторниците како со наведнати глави пред Господарот свој ќе речат: „Господару наш, видовме и чувме, па поврати нè добри дела да правиме, ние навистина цврсто веруваме!“

13. А кога би сакале, секој човек на Вистинскиот пат би го упатиле, но Јас веќе ја кажав Вистината: „Ќе го наполнам, навистина, Џехенемот со џини и луѓе заедно!“

14. Па искусете затоа што заборававте дека овој Ден ќе го доживеете – и Ние ќе ве заборавиме – и вечно страдање искусете поради тоа што го правевте.

15. Во Нашите зборови веруваат само тие кои, кога со нив ќе се опоменат, со лицата на тло паѓаат, и кои Господарот свој Го величаат и Му заблагодаруваат и кои не се вообразуваат.

16. Боковите нивни од постела се креваат и тие на Господарот свој од страв и од желба Му се клањаат, а дел од тоа што Ние им го даваме го споделуваат.

17. И никој не знае какви, како награда за тоа што го правеле, скриени радости ги очекуваат.

18. Зарем на верникот да му биде исто како на непослушниот? Не, тие не се еднакви:

19. тие што веруваа и што правеа добри дела ги чекаат џенетски градини во кои ќе престојуваат, како награда за тоа што го правеа;

20. а тие што беа грешни ги чека Оган во кој ќе престојуваат; кога и да се обидат од него да излезат, во него ќе бидат вратени и ќе им биде речено: „Искусете ја казната во Огнот кој го негиравте.“

21. И Ние ќе сториме да искусат помала казна пред големата казната, за да се повратат.

22. А има ли поголем злосторник од тој што е опоменат со знаците на својот Господар, а потоа им врти грб? Ние, навистина, ќе ги казниме злосторниците!

23. Ние на Муса Книга му дадовме – ни малку не се сомневај во средбата со Него – и упатство на синовите Израилови ја направивме.

24. Помеѓу нив Ние водачи одредувавме, и тие, одѕивајќи се на Нашата заповед, на Вистинскиот пат упатуваа, бидејќи стрпливи беа и во доказите Наши цврсто веруваа.

25. Господарот твој на Судниот Ден меѓу нив ќе пресуди за тоа за што не се согласуваа.

26. Зарем на овие не им е јасно колку народи пред нив Сме уништиле, по чиишто населби тие одат? Тоа се, навистина, докази, па зошто не сакаат да слушнат?

27. Како тие не гледаат дека Ние го гониме дождот во пустата земја и правиме, со негова помош, да никнуваат растенија со кои се храни нивниот добиток, а и тие самите – зарем не гледаат?!

28. И велат: „Кога веќе еднаш ќе дојде таа победа, ако вистината ја зборувате?“

29. Кажи: „На Денот на победата, кога на неверниците нема никако да им користи тоа што тогаш ќе веруваат и кога нема да им се даде ни малку време.“

30. Затоа ти тргни се од нив и чекај, и тие, навистина, чекаат!