عربيEnglish

The Noble Qur'an Encyclopedia

Towards providing reliable exegeses and translations of the meanings of the Noble Qur'an in the world languages

Sad [Sad] - Macedonian Translation

Surah Sad [Sad] Ayah 88 Location Maccah Number 38

1. Сад! Се колнам во Куранот кој содржи опомена,

2. навистина се арогантни и инаетливи тие што не сакаат да веруваат!

3. Колку народи пред нив Ние уништивме. И тие за помош плачејќи молеа, но за нив беше доцна!

4. Тие се чудат што еден од нив им дошол за да ги предупредува, и неверниците велат: „Тој е маѓепсник, лажливец!

5. Зарем тој боговите да ги сведе само на еден Бог? Тоа е, навистина, нешто многу чудно!“

6. И угледните меѓу нив тргнаа: „Одете и истрајте со божествата свои! Навистина, тоа е нешто што се сака!

7. За ова не сме слушнале во верата на предците наши, ова не е ништо друго освен наместена лага;

8. зошто меѓу нас токму нему да му биде пратена Опомената?!“ Но, тие во Опомената Моја се сомневаат затоа што казната Моја не ја искусиле.

9. Зарем кај нив се ризниците на милоста на Господарот твој, Силниот и Дарежливиот?

10. Зарем тие имаат власт над небесата и над Земјата и над тоа што е меѓу нив? – тогаш, нека се искачат со скали по патеките небесни.

11. Тие претставуваат незначителна сојузничка војска која таму ќе биде поразена.

12. И уште пред нив ги сметаа за лажни своите Пратеници – народот на Нух, и Ад, и фараонот, сопственикот на градбите огромни,

13. и Семуд и народот на Лут и жителите на Ејка; тие против Пратениците правеа завери!

14. Сите тие за лага ги клеветеа Пратениците и казната моја ја заслужија.

15. А и овие не чекаат, освен еден звук на рогот кој нема да биде потребно да се повтори,

16. и велат: „Господару наш, побрзај и казни нè, пред Денот во кој делата ќе се пресметуваат!“

17. Ти стрпи се за тоа што го говорат и сети се на робот Наш Давуд, цврстиот во верата, кој секогаш на Аллах Му се обраќаше.

18. Ние планините ги потчинивме заедно со него да Го слават и да Го величаат Аллах пред Сонцето да зајде и откако ќе изгрее,

19. а и птиците собрани – сите тие Нему му се обраќаат.

20. И го зацврстивме царството негово и му дадовме веровесништво и мудрост исправно да суди и да расудува.

21. А дали до тебе допре веста за парничарите кога преку ѕидот на михработ преминаа,

22. кога кај Давуд упаднаа, па тој од нив се исплаши. „Не плаши се“ – рекоа – „ние сме двајца парничари, еден кон друг згрешивме, па според правдата пресуди ни; не биди пристрасен, и на Вистинскиот пат упати нè.

23. Овој мој пријател има деведесет и девет овци, а јас само една, и тој ми рече: ,Дај ми ја мене!‘ – и во препирката ме победи.“

24. „Навистина ти сторил неправда! – рече Давуд – „со тоа што барал овцата твоја да ја додаде на овците свои; многумина ортаци си прават неправда едни на други, а единствено тие што веруваат и што прават добри дела не го прават тоа, и таквите се малку“. И Давуд се увери дека Ние токму него на искушение го ставивме, па за прошка од Господарот свој замоли, падна со лицето на тло и се покаја.[229]

25. И Ние тоа му го простивме, и тој Ни е навистина близок и прекрасно престојувалиште го чека.

26. О, Давуде, Ние за намесник на Земјата те поставивме, затоа суди им на луѓето праведно и не поведувај се според страста за да не те одведе од Аллаховиот пат; тие што скршнуваат од Аллаховиот пат ги чека болно страдање на оној свет затоа што забораваа на Денот на пресметката.

27. Ние не ги создадовме небото и Земјата и тоа што е меѓу нив залудно; така мислат неверниците, па тешко на неверниците кога ќе бидат во Огнот!

28. Зарем со тие што веруваат и што прават добро ќе постапиме исто како и со тие што прават неред на Земјата, или, зарем со тие што се чуваат од гревовите ќе постапиме исто како и со грешниците?

29. Книгата која ти ја објавуваме е благословена, за тие да размислат за зборовите нејзини и за тие што се обдарени со разум да примат поука.

30. Ние на Давуд му го подаривме Сулејман; тој беше прекрасен роб и многу се каеше!

31. Кога едно предвечерие пред него беа изведени брзи коњи кои на три нозе стоеја, а со четвртата едвај земјата ја допираа,

32. тој рече: „Наместо да мислам на Господарот свој, јас покажувам љубов кон убави нешта!“ – и му се изгуби од видот.[230]

33. „Вратете ми ги!“ – и тој почна да ги удира по нозете и по вратовите.

34. Ние Сулејман во искушение го доведовме и неговото болно тело на престолот го задржавме, но потоа оздраве.

35. „Господару мој“ – рече – „прости ми и подари ми власт каква никој, освен мене, нема да има! Ти Си навистина Тој што богато дарува!“

36. И Ние му ги потчинивме: ветрот – кој според заповедта негова благо дуваше таму каде што тој сакаше –

37. и шејтаните, сите градители и нуркачи,

39. „Ова е Нашиот дар, па ти дарувај или задржи – поради тоа нема да одговараш!“

40. Тој Ни е навистина близок и го чека прекрасно престојувалиште.

41. И сети се на робот Наш Ејуб кога на Господарот свој Му залипа: „Шејтанот ме допре со несреќи и со страдање!“

42. „Удри со ногата по земја – ете ти ладна вода за капење и пиење! –

43. и Ние од милоста Наша семејство му даривме и уште толку покрај нив, да биде поука за тие што имаат ум –

44. „И земи со раката своја сноп и со него удри, само заклетвата не ја прекршувај!“ Ние знаевме дека тој е издржлив; прекрасен роб беше тој и многу се каеше![231]

45. И сети се на робовите Наши Ибрахим и Исхак и Јакуб, сите во верата цврсти и проникливи.

46. Ние ги обдаривме со една посебна доблест: секогаш да им е на ум оној свет;

47. и тие, навистина, кај Нас се од одбраните добри луѓе.

48. И сети се на Исмаил и на Елјеса и на Илјас и на Зулкифл, сите тие беа од најдобрите луѓе.

49. Ова е убав спомен! А тие што од гревови ќе се чуваат ги чека прекрасно престојувалиште:

50. еденски градини, чиишто капии за нив ќе бидат отворени,

51. во кои ќе бидат потпрени и разновидно овошје и пијалак ќе бараат.

52. Покрај нив ќе бидат хуриите[232], со исти години, кои пред себе ќе гледаат.

53. „Тоа е она што ви се ветува за Денот на пресметката;

54. тоа, навистина, снабдување Наше ќе биде, кое никогаш нема да престане!“

55. Ете така! А тие што ќе бидат дрско бесни, ги чека најлошото престојувалиште:

56. Џехенемот, во кој ќе горат, а одвратна постела е тоа!

57. Ете така! Па нека ја искусат водата зовриена и ледена

58. и други слични на овие маки, повеќекратни.

59. „Оваа толпа заедно со вас, стискајќи се, во Џехенемот ќе влезе!“ – „Да не им биде пространо! Тие навистина ќе горат во Огнот!“

60. „Вам да не ви биде пространо!“ – ќе речат тие – „вие ова ни го подготвивте, а колку е грозно ова живеалиште!“

61. „Господару наш!“ – ќе речат – „удвои им го страдањето во огнот на тие што ова ни го приредија!“

62. И ќе речат: „Зошто не ги гледаме луѓето коишто меѓу злобните ги вбројувавме

63. и коишто ги исмејувавме? Да не ни се изгубија од вид?“

64. Вистина е, сигурно, дека жителите на Џехенемот меѓу себе ќе се расправаат.

65. Кажи: „Јас сум само опоменувач; нема бог освен Аллах, Единиот и Моќниот,

66. Господарот на небесата и на Земјата и тоа што е меѓу нив, Силниот, Простувачот.“

67. Кажи: „Ова е голема вест,

68. а вие од неа главите ги вртите.

69. Јас ништо не знаев за Високиот Собир[233] кога се препираа –

70. мене ми се објавува само да сум јасен опоменувач.“

71. И кога Господарот твој на мелеците им рече: „Ќе го создадам човекот од глина,

72. па кога совршен облик ќе му дадам и кога живот во него ќе вдахнам од Својот дух, вие на сеџда паднете му!“

73. Мелеците, сите до последен, заедно на сеџда се поклонија

74. освен Иблис; тој се вообрази и неверник стана.

75. „О, Иблис!“ – рече Тој – „Што те наведе да не му направиш сеџда на оној кого Јас со Своите две раце[234] го создадов? Се вообрази или мислиш дека си возвишен?“

76. „Подобар сум од него“ – рече тој – „мене ме создаде од оган, а него од глина.“

77. „Е, излегувај тогаш од Џенетот!“ – рече Тој – „Проклет да си!

78. Моето проклетство до Судниот ден ќе те следи!“

79. „Господару мој!“ – рече тој – „Дај ми време до Денот кога тие оживеани ќе бидат!“

80. „Ти давам“ – рече Тој –

82. „Па се колнам во достоинството Твое – рече – „сигурно сите ќе ги наведам да застранат,

83. освен, меѓу нив, Твоите искрени робови!“

84. „Во вистината се колнам и вистината ја зборувам“ – рече Аллах –

85. „сигурно Џехенемот ќе го наполнам со сите, со тебе и со тие кои што ќе се поведат по тебе!“

86. Кажи: „Јас не барам од вас за ова (Куранот) никаква награда и јас не се преправам, го пренесувам само тоа што ми се наредува,

87. Куранот е, навистина, Опомена за целиот свет!

88. И вие наскоро ќе ја дознаете неговата порака!“