عربيEnglish

The Noble Qur'an Encyclopedia

Towards providing reliable exegeses and translations of the meanings of the Noble Qur'an in the world languages

The Smoke [Ad-Dukhan] - Macedonian Translation

Surah The Smoke [Ad-Dukhan] Ayah 59 Location Maccah Number 44

1. Ха-мим!

2. Се колнам во Книгата јасна,

3. Ние започнавме да ја објавуваме во Благословената ноќ, и Ние навистина опоменуваме;

4. во оваа ноќ се одлучува секоја совршено одредена работа,

5. по Наша заповед! Ние, навистина, испраќавме Пратеници

6. како милост од твојот Господар – Тој, навистина, сè слуша и сè знае –

7. Господарот на небесата и на Земјата, и на тоа што е помеѓу нив – ако цврсто сте уверени,

8. друг бог освен Него нема; Тој дава живот и смрт – Господарот ваш и Господарот на вашите дамнешни предци!

9. Но, тие се сомневаат и се забавуваат.

10. Затоа почекај го денот кога на небото видлив чад ќе се појави

11. кој луѓето ќе ги прекрие: „Ова е неиздржливо страдање!

12. Господару наш, отстрани го страдањето од нас, ние сигурно ќе веруваме!“

13. А како тие поуката ќе ја примат, а веќе им дојде Пратеникот јасен

14. од кого тие главите ги вртат и говорат: „Подучен – умно растроен!“

15. Доколку Ние страдањето малку ви го намалиме, вие сигурно во неверството ќе се вратите;

16. но тој Ден кога со сета сила ќе ги зграпчиме, навистина ќе ги казниме.

17. А Ние и пред нив фараоновиот народ во искушение го ставивме, и им дојде благородниот Пратеник:

18. „Предајте ми ги мене Аллаховите робови! Јас навистина сум ви доверлив Пратеник,

19. и не воздигнувајте се над Аллах, јас ви носам очигледен доказ,

20. и јас Му се обраќам на својот и на вашиот Господар, да не ме каменувате,

21. а ако не ми верувате, тогаш оставете ме на мира!“

22. И тој го повика на помош Господарот свој: „Ова навистина е злосторнички народ!“

23. Изведи ги ноќе робовите Мои, по вас потера ќе тргне

24. и остави го морето нека мирува, тие се војска која навистина ќе биде потопена.“

25. И колку градини и извори оставија,

26. и ниви засеани и живеалишта прекрасни,

27. и благодети во коишто уживаа!

28. Тоа така се случи, и Ние тоа на други во наследство им го оставивме,

29. ниту небото ниту Земјата не ги оплакуваше, и не беа поштедени.

30. А синовите Израилови од понижувачкото страдање ги спасивме,

31. од фараонот – тој навистина беше горделив, еден од тие коишто во злото секаква мерка премина –

32. и знаејќи какви се, меѓу современиците ги одбравме,

33. и некои докази полни со очигледно искушение им дадовме.

34. А овие, навистина, велат:

35. „Постои само нашата прва смрт, ние нема да бидеме оживеани;

36. предците наши донесете ни ги, ако е вистина тоа што го велите!“

37. Дали се подобри тие[238] или народот на Туба и оние пред него? – нив ги уништивме бидејќи беа злосторници.

38. Ние не ги создадовме небесата и Земјата и тоа што е меѓу нив поради забава (без цел).

39. Ние ги создадовме со вистинита цел, но повеќето од нив не знаат.

40. Навистина Денот суден на сите нив рок одреден ќе им биде,

41. Денот кога пријателот нема нималку од корист на пријателот да му биде, ниту ќе бидат помогнати,

42. освен тие на кои Аллах ќе им се смилува, бидејќи – Тој е, навистина, Силниот и Милостивиот.

43. А дрвото Зекум навистина е

44. храна за грешниците,

45. како растопена лава во стомакот ќе врие,

46. како што водата зовриена врие.

47. „Зграпчете го и среде огнот одвлечете го,

48. а потоа, на главата полевајте му вода што врие!“

49. „Пробај, та ти си, навистина, „моќниот“ и „почитуваниот“[239],

50. ова е навистина тоа во што се сомневавте!“

51. А тие што се плашеа од Аллах, тие на сигурно место ќе бидат,

52. среде градини и извори,

53. во свила и кадифе облечени и едни кон други свртени.

54. Ете, така ќе биде и Ние со хурии со крупни очи ќе ги жениме.

55. Во нив ќе можат безбедни, кој вид на овошје и да сакаат, да бараат;

56. во нив, по првата смрт, смртта веќе нема да ја вкусат и Тој од страдањето во огнот ќе ги сочува,

57. тоа благодет од Господарот твој ќе биде; тоа навистина успех голем ќе биде!

58. А Куранот го направивме лесен, на твојот јазик, за тие да примат поука,

59. па затоа чекај, и тие ќе чекаат!