عربيEnglish

The Noble Qur'an Encyclopedia

Towards providing reliable exegeses and translations of the meanings of the Noble Qur'an in the world languages

Mount Sinai [At-tur] - Macedonian Translation

Surah Mount Sinai [At-tur] Ayah 49 Location Maccah Number 52

1. Се колнам во (планината) Тур,

2. и во Книгата во редови напишана,

3. на кожа развиена;

4. и во Храмот со поклоници полн,

5. и во сводот издигнат,

6. и во морето со оган наполнето, –

7. казната на Господарот твој сигурно ќе се случи.

8. Никој нема да може да ја отстрани

9. на Денот кога небото силно ќе се разбранува,

10. а планините од местото ќе се помрднат!

11. Тешко им на тој Ден на тие што негираа,

12. кои во лаги се впуштаа, забавувајќе се!

13. На Денот кога во џехенемскиот оган грубо ќе бидат турнати:

15. па, маѓија ли е ова, или вие не гледате?

16. Пржете се во него, исто ви е – да трпите или да не трпите – тоа ви е казна за тоа што го правевте.“

17. А богобојазливите навистина ќе бидат во џенетските градини и во благодатите,

18. и ќе уживаат во тоа што Господарот нивен им го дал – нив Господарот нивен од страдањето во огнот ќе ги сочува.

19. „Јадете и пијте и нека ви е пријатно, тоа е за тоа што го правевте!“

20. Ќе бидат потпрени на наредените дивани, а ќе ги венчаме со крупнооки хурии.

21. Тие што веруваа и по кои децата нивни во верувањето се поведоа, ќе им ги приклучиме и децата нивни, а делата нивни нема ниту малку да ги намалиме – секој човек е одговорен за тоа што сам го направил.

22. И уште ќе ги даруваме и со овошје и со месо какво ќе сакаат,

23. едни на други, во него, полни чаши ќе додаваат – поради нив нема да има празни муабети и побуди кон грев,

25. и ќе се обраќаат едни кон други и едни со други ќе се прашуваат:

26. „Порано меѓу своите семејства стравувавме“ – ќе речат –

27. „па Аллах милост ни дари и од страдањето во огнот нè сочува.

28. Ние во довите Го молевме, Тој навистина е Доброчинител и Милостив.“

29. Затоа ти опоменувај, бидејќи ти, со милоста на Господарот свој, не си ни пророк ни луд.

30. Зарем тие да велат: „Тој е поет, ќе почекаме да го тргнат случувањата на времето.“

31. „Па чекајте“ – кажи ти – „и јас заедно со вас ќе чекам!“

32. Дали ова умовите нивни им го наредуваат или тие се тврдоглав народ?

33. Зарем тие да велат: „Го измислува!“ – Не, туку тие не сакаат да веруваат.

34. Затоа нека состават тие говор сличен на Куранот, ако ја зборуваат вистината!

35. Дали тие без Создател се создадени или тие самите себеси се создадоа?!

36. Дали тие небесата и Земјата ги создадоа?! Не, туку тие не се убедени!

37. Дали се кај нив ризниците на Господарот твој, или дали тие владеат?

38. Зар тие имаат скали, па на нив прислушкуваат? Тој, меѓу нив, кој тврди дека нешто слушнал нека донесе јасен доказ.

39. Зарем за Него да се ќерките, а за вас да се синовите?!

40. Дали ти бараш надоместок од нив, па се оптоварени со долг?

41. Или, кај нив да не е знаењето за гајбот, па тие препишуваат?!

42. Зарем тие сакаат замки?! Па во замка ќе се фатат токму тие што не веруваат!

43. Зарем тие друг бог освен Аллах да имаат? Возвишен и Чист е Аллах од тоа што тие рамен Му припишуваат!

44. И кога би виделе дека парче небо паѓа, би рекле: „Натрупани облаци!“

45. Затоа пушти ги додека не се соочат со Денот во кој ќе изумрат,

46. со Денот кога стапиците нивни нема ни малку да им користат и кога никој нема да им помогне.

47. А за сите насилници ќе има и друга казна пред оваа, но повеќето од нив не знаат.

48. А ти трпеливо чекај ја пресудата од Господарот свој, зашто ти си пред Нашите очи; и величај Го и заблагодарувај Му на Господарот свој кога стануваш,

49. и ноќе величај Го и кога ѕвездите се губат.