The Noble Qur'an Encyclopedia
Towards providing reliable exegeses and translations of the meanings of the Noble Qur'an in the world languagesThe reality [Al-Haaqqa] - Macedonian Translation
Surah The reality [Al-Haaqqa] Ayah 52 Location Maccah Number 69
1. Часот неизбежен,
2. што е Часот неизбежен?
3. И дали ти знаеш што е Часот неизбежен?
4. Семуд и Ад Крајот на светот го негираа,
5. па Семуд е уништен со гласот страотен,
6. а Ад е уништен со ветер леден, силен.
7. Тој кому власта над нив, седум ноќи и осум дена последователни му ја препушти, па во нив, луѓе исполегнати како шупливи палмини стебла виде,
8. и дали виде некој од нив дека остана?
9. А дојдоа фараонот, и тие пред него, и поради одвратните постапки на (жителите на) превртените населби,
10. и му беа непослушни на Пратеникот на Господарот свој, па Тој со жестока казна ги казни.
11. Ние, кога водата преплави сè, во бродот ве носевме,
12. за поука да ви го направиме и тоа од заборав да го сочува увото што помни.
13. А кога еднаш во рогот ќе се дувне,
14. па Земјата и небото ќе се понесат и од еден удар ќе се здробат,
15. тој ден Крајот на светот ќе се случи
16. и небото ќе распука – тогаш лабаво ќе биде.
17. И мелеците на неговите краеви ќе стојат, а Аршот на Господарот твој, тој ден, над нив осуммина ќе го држат.
18. Тој ден ќе бидете изложени, и ниту една ваша тајна нема скриена да остане.
19. Тој на кого книгата негова во десната рака негова ќе му се даде, ќе рече: „Еве ви, читајте ја книгата моја,
20. јас цврсто верував дека сметката моја ќе ја полагам.“
21. И тој во животот ќе биде задоволен,
22. во Џенетот висок,
23. чиишто плодови на дофат на рака ќе бидат.
24. „Јадете и пијте радосни, за тоа што во деновите минати го заработивте!“
25. А тој на кого ќе му се даде книгата во левата рака негова ќе рече: „Камо среќа книгата моја да не ми е ни дадена
26. и да не ни дознаев за пресметката своја!
27. Камо среќа смртта да ме докрајчеше,
28. богатството мое не ми е од корист,
29. силата моја ја нема веќе!“
30. „Зграпчете го и во окови оковајте го,
31. потоа во оган пржете го,
32. а потоа во синџири седумдесет лакти долги врзете го;
33. навистина тој во Големиот Аллах не веруваше
34. и да се нахрани гладниот не поттикнуваше;
35. затоа тој денес овде близок пријател нема
36. ниту друга храна освен помии,
37. кои само неверниците ќе ги јадат.“
38. А Јас се колнам во тоа што го гледате
39. и во тоа што не го гледате,
40. Куранот навистина е говор објавен на благородниот Пратеник,
41. а не е говор на никаков поет – колку малку вие верувате!
42. и не се зборови на никаков гатач – колку малку вие размислувате!
43. Тој е Објава од Господарот на световите!
44. А да изнесуваше тој какви било зборови против Нас,
45. Ние со десницата би го зграпчиле,
46. а потоа главната вена би му ја пресекле,
47. и никој меѓу вас не би можел од тоа да го одбрани.
48. Навистина Куранот е поука за богобојазливите.
49. а Ние сигурно знаеме дека некои од вас нема во него да веруваат.
50. И тој навистина ќе биде причина за пропаст на неверниците,
51. а тој навистина е неприкосновена вистина.
52. Затоа ти слави го името на Господарот свој, Величествениот!