The Noble Qur'an Encyclopedia
Towards providing reliable exegeses and translations of the meanings of the Noble Qur'an in the world languagesThe Ascending stairways [Al-Maarij] - Macedonian Translation
Surah The Ascending stairways [Al-Maarij] Ayah 44 Location Maccah Number 70
1. Некој запраша за казната којашто ќе им се случи
2. на неверниците – никој не може да го спречи
3. Аллах, Господарот на возвишеноста и степените, тоа да не го стори.
4. Кон Него се качуваат мелеците и Џибрил во денот кој трае педесет илјади години.
5. Ти стрпи се со пријатна трпеливост.
6. Тие мислат дека нема да се случи,
7. а Ние знаеме дека сигурно ќе се случи,
8. оној Ден кога небото ќе биде како талог од масло,
9. а планините како искубана волна,
10. кога пријателот нема пријателот свој ништо да го праша,
11. иако едни со други ќе се видат. Злосторникот едвај би дочекал од страдањето на тој Ден да се искупи со синовите свои,
12. и со жената своја, и со братот свој,
13. и со семејството свое што го штитеше,
14. и со сите останати на Земјата – само за да се избави.
15. Никогаш! Тој (пеколот), само распламтен ќе биде
16. кој рацете и нозете ќе ги корне,
17. ќе го повикува тој што главата ја вртел и избегнувал
18. и натрупувал и сокривал.
19. Човекот, навистина, е создаден лаком:
20. кога ќе го снајде неволја – очаен е,
21. а кога ќе го снајде благосостојба – себичен е,
22. освен клањачите,
23. коишто во своите намази се истрајни,
24. и тие во чиишто имоти ќе има одреден дел
25. за тој што проси и за тој што не проси,
26. и тие што во Судниот ден ќе веруваат,
27. и тие што од казната на Господарот свој ќе стравуваат,
28. а од казната на Господарот свој никој не е сигурен,
29. и тие што своите срамни места ќе ги чуваат
30. освен од жените свои или од оние што се во нивна сопственост – тие, навистина, прекор не заслужуваат –
31. а тие што бараат вон тоа, тие паѓаат во грев,
32. и тие што доверените аманети ќе ги чуваат и обврските свои ќе ги исполнуваат,
33. и тие што сведочењата свои ќе ги извршуваат,
34. и тие што намазите свои ревносно ќе ги извршуваат,
35. тие во џенетските градини ќе бидат почестени.
36. Што им е на тие околу тебе коишто не веруваат па брзаат,
37. оддесно и одлево, во групи?!
38. Како секој од нив тежнее во Џенетот на уживањето да влезе?
39. Никогаш! Ние ги создаваме, од тоа што тие го знаат!
40. И Јас се колнам во Господарот на истоците и западите дека можеме
41. со подобри од нив да ги замениме и никој во тоа не може да Нè спречи.
42. Затоа остави ги нека кажуваат безмислици и нека се забавуваат додека Денот кој им се ветува не го дочекаат,
43. Денот во кој забрзано, како да брзаат кон идолите, од гробовите ќе излегуваат,
44. со спуштени погледи и потиштени од понижување. Тоа ќе биде оној Ден којшто им беше ветуван!