عربيEnglish

The Noble Qur'an Encyclopedia

Towards providing reliable exegeses and translations of the meanings of the Noble Qur'an in the world languages

The enshrouded one [Al-Muzzammil] - Macedonian Translation

Surah The enshrouded one [Al-Muzzammil] Ayah 20 Location Maccah Number 73

2. Пробдеј ја ноќта, освен мал дел;

3. половината нејзина или помалку од неа;

4. или малку повеќе од неа, и изговарај го Куранот внимателно.

5. Ние навистина тешки зборови ќе ти праќаме –

6. та станувањето ноќе, навистина, посилно делува и се изговара појасно,

7. а ти дење, навистина, имаш многу работа.

8. И спомнувај го името на Господарот свој и Нему потполно посвети Му се –

9. Тој е Господар на истокот и на западот, нема бог освен Него, и Него земи Го за потпирач!

10. И истрпи го тоа што тие го говорат и одбегнувај ги на прикладен начин,

11. а Мене остави ми ги тие коишто велат дека лажеш, коишто раскошно живеат, и дај им малку време;

12. ќе има кај Нас, навистина, окови и пекол,

13. и храна која во грлото застанува, и страдање неподносливо,

14. на Денот кога Земјата и планините ќе се затресат, а планините ќе бидат песок кој се лизга.

15. Ние навистина ви пративме Пратеник за да сведочи против вас исто така како што и на фараонот Пратеник му пративме,

16. но фараонот не го послуша Пратеникот, па со тешка казна го казнивме.

17. Како, ако останете неверници, ќе се сочувате од Денот кој децата старци ќе ги направи?!

18. Небото тој Ден ќе се расцепи и заканата Негова ќе се исполни.

19. Ова навистина е поука; а кој сака, патот кон Господарот свој ќе го прифати!

20. Господарот твој сигурно знае дека ти клањајќи поминуваш помалку од две третини од ноќта, половина од неа или третина од неа, а и некои од тие што се со тебе. Аллах ја одредува должината на ноќта и денот. Тој знае дека вие тоа нема да можете да го издржите, па ви простува, а вие од Куранот рецитирајте го тоа што е лесно. Тој знае дека меѓу вас ќе има болни, а и такви коишто по светот ќе патуваат и Аллаховите благодати ќе ги бараат, и такви кои на Аллаховиот пат ќе се борат. Па рецитирајте го тоа што ви е лесно од него, и намазот извршувајте го, и зекат давајте, и на Аллах убав заем давајте Му! А доброто коешто за себе однапред ќе го дадете ќе го најдете кај Аллах уште подобро и поголемо за награда. И молете Го Аллах да ви прости, бидејќи Аллах простува и Милостив е.