عربيEnglish

The Noble Qur'an Encyclopedia

Towards providing reliable exegeses and translations of the meanings of the Noble Qur'an in the world languages

The cloaked one [Al-Muddathir] - Macedonian Translation

Surah The cloaked one [Al-Muddathir] Ayah 56 Location Maccah Number 74

2. Стани и опоменувај!

3. И Господарот свој величај Го!

4. И облеката своја исчисти ја!

5. И стој настрана од идолите!

6. И не прави добрина барајќи повеќе за неа!

7. И поради Господарот свој стрпи се!

8. А кога ќе се дувне во рогот –

10. за неверниците нема да биде лесен.

11. Остави ме Мене и тој што Јас го создадов сам

12. и огромно богатство му дадов

13. и синови коишто се со него

14. и чест и углед му пружив –

15. и уште копнее да му зголемам!

16. Никако! Тој навистина им пркоси на ајетите Наши –

17. а Јас ќе му натоварам нему тешкотии,

18. бидејќи смислуваше и пресметуваше (што ќе каже) –

19. и проклет да е како пресмета!

20. И уште еднаш, проклет да е како пресмета!

21. Потоа погледна,

22. па лицето му се стемни и се намурти

23. и потоа се сврте и се вообрази,

24. и рече: „Ова не е ништо друго освен маѓија којашто се наследува,

25. ова се само човечки зборови!“

26. Јас него во Секар ќе го фрлам!

27. А знаеш ли ти што е Секар?

28. Тој ништо нема да поштеди,

29. кожите црни ќе ги направи,

30. над нив се деветнаесетмина.

31. Ние за чувари на Огнот мелеци поставивме и го одредивме нивниот број како искушение за тие што не веруваат – за на тие на коишто им е дадена Книгата да се уверат, а на тие што веруваат верувањето да им се зголеми, и тие на коишто им е дадена Книгата и тие што се верници да не се сомневаат, и тие чиишто срца се болни и тие што се неверници да кажат: „Што сакаше Аллах со овој пример?“ Така Аллах го заблудува тој што сака и на Вистинскиот пат го упатува тој што сака. А војските на Господарот твој само Тој ги знае. И тој – Огнот е само опомена за луѓето.

32. Се колнам во Месечината,

33. и во ноќта кога ќе мине,

34. и во мугрите кога рудат,

35. тој навистина е еден од најголемите неволји,

36. за луѓето опомена,

37. за тој меѓу вас кој сака да го прифати или да го одбие, кој сака на Вистината да ѝ пристапи или да изостане!

38. Секоја душа е залог на тоа што го стекнала,

39. освен тие на десната страна,

40. тие во џенетските градини ќе се распрашуваат

41. за злосторниците:

42. „Што ве доведе во Секар?“

43. „Не бевме“ – ќе речат – „од тие што клањаа

44. и од тие што сиромашните ги хранеа,

45. и во безделништво со безделниците се впуштавме,

46. и Судниот ден го негиравме,

47. сè додека смртта не ни дојде.“

48. Ним посредувањето на посредниците нема да им користи.

49. Па зошто тие поуката ја избегнуваат?

50. Како да се преплашени диви магариња

51. избегани од лавовите.

52. Да! Секој човек од нив би сакал да му се дадат листовите раширени (објава).

53. Никогаш, бидејќи тие од оној свет не се плашат!

54. Навистина! Куранот е опомена,

55. и кој сака, ќе земе поука од него,

56. а тие ќе примаат поука само ако Аллах сака, единствено Тој е достоен од Него да се плашат и единствено Тој простува.