The Noble Qur'an Encyclopedia
Towards providing reliable exegeses and translations of the meanings of the Noble Qur'an in the world languagesThe man [Al-Insan] - Macedonian Translation
Surah The man [Al-Insan] Ayah 31 Location Madanah Number 76
1. Зарем не му дојде на човекот еден дел од времето во којшто не беше вреден за спомен?
2. Ние човекот од семена смеса го создаваме за на искушение да го ставиме, и правиме тој да слуша и гледа;
3. Ние на Вистинскиот пат му укажуваме, а негово е дали благодарен или неблагодарен ќе биде;
4. Ние за неверниците окови и синџири и оган распламтен подготвивме.
5. Добротворите од пехар ќе пијат со камфор зачинет пијалак
6. од изворот од кој само Аллаховите робови ќе пијат, и кои каде што сакаат без мака ќе се движат.
7. Тие заветот го исполнија и се плашеа од Денот чијашто кобност ќе биде присутна насекаде,
8. и даваа храна, иако и самите ја посакуваа, на сиромашниот, на сирачето и на заробеникот.
9. „Ние само заради Аллаховото лице ве храниме, од вас ни признание ни благодарност не бараме!
10. Ние од Господарот Наш се плашиме, оној Ден кога лицата темни и намуртени ќе бидат.“
11. И нив Аллах од стравот на тој Ден ќе ги сочува и блаженство и радост ќе им дари
12. и со Џенет и свила за тоа што го трпеа ќе ги награди:
13. потпрени на диваните, тие во него ни жед ни студ нема да почувствуваат,
14. ладовината негова во близина ќе им биде, а плодовите негови на дофат на рацете ќе им стојат.
15. Ќе ги служат од сребрени садови и чаши проѕирни,
16. проѕирни, од сребро, чијашто величина според желбите нивни ќе ја одредат.
17. Во него од чаша пијалак зачинет со ѓумбир ќе се пие
18. од извор во Џенетот, кој Селсебил се вика.
19. Ќе ги служи вечно млада послуга – да ги видиш, би помислил дека се бисери истурени.
20. И каде и да погледнеш, ќе видиш удобност и царство пространо.
21. Тие ќе носат облеки од тенка зелена свила, и од тешка свила, накитени со белезици од сребро, и ќе им даде Господарот нивни да пијат чист пијалак.
22. „Тоа ви е наградата; вашиот труд е достоен за благодарност!“
23. Одвреме-навреме Ние ти го објавуваме Куранот,
24. затоа издржи до одлуката на Господарот твој, и не слушај го ниту грешникот ниту неверникот нивен!
25. И спомнувај го името на Господарот свој и наутро и навечер,
26. и во еден дел од ноќта заради Него молитвата извршувај ја, и ноќе слави Го долго!
27. А таквите животот на овој свет навистина го сакаат, а ништо не ги интересира за Денот мачен што ги чека.
28. Ние ги создаваме и зглобовите им ги поврзуваме, а ако посакаме, ќе ги замениме со на нив слични.
29. Ова е поука, па кој сака ќе се придржува кон патот кој кон Господарот негов води,
30. а вие ќе го сакате само тоа што Аллах го сака – Аллах навистина сè знае и Мудар е.
31. Тој кого сака внесува во милоста Своја, а на неверниците им подготви болно страдание.