عربيEnglish

The Noble Qur'an Encyclopedia

Towards providing reliable exegeses and translations of the meanings of the Noble Qur'an in the world languages

Defrauding [Al-Mutaffifin] - Macedonian Translation

Surah Defrauding [Al-Mutaffifin] Ayah 36 Location Maccah Number 83

1. Тешко им на тие што не мерат чесно,

2. кои полна мерка земаат кога купуваат од други,

3. а кога им мерат на други (на литар или на кантар) – кратат.

4. Како не помислуваат дека ќе бидат оживеани

5. на Денот голем,

6. на Денот кога луѓето поради Господарот на световите ќе се кренат![265]

7. Навистина, книгата на грешниците е во Сиџин,

8. А знаеш ли ти што е тоа Сиџин?

9. Книга испишана!

10. Тешко им тој Ден на тие коишто негирале,

11. коишто оној свет го негирале,

12. а него може да го негира само престапник, грешник,

13. кој, кога Нашите ајети му биле кажувани, говорел: „Измислици на народите древни!“

14. А не е така! Тоа што го правеле ги прекрило срцата нивни.

15. Навистина, тој Ден тие ќе бидат тргнати од милоста на својот Господар,

16. потоа сигурно ќе влезат во огнот,

17. па ќе им се рече: „Еве, ова е тоа што го негиравте!“

18. Навистина, книгата на добродетелите е во Илијун.

19. А знаеш ли ти што е тоа Илијун?

20. Книга испишана!

21. Над неа бдеат оние блиските на Аллах.

22. Добрите, навистина, во задоволства ќе бидат,

23. од диваните ќе гледаат,

24. на лицата нивни ќе препознаеш радост од среќниот живот,

25. ќе им се даде, па пијалак запечатен ќе пијат,

26. чиј печат мошусот ќе биде – и за тоа нека се натпреваруваат оние коишто сакаат да се натпреваруваат!

27. Ќе биде помешан со водата од Тесним,[266]

28. од изворот од којшто блиските на Аллах ќе пијат.

30. Кога крај нив поминуваат, едни на други си намигнуваат,

31. а кога кај семејствата свои се враќаат, правејќи шеги се враќаат;

32. кога ќе ги видат, тогаш велат: „Овие навистина заталкале!“ –

33. а тие не се пратени да ги чуваат.

34. Денес, тие што веруваа, на неверниците ќе им се потсмеваат,

35. од диваните ќе гледаат.

36. Зарем неверниците ќе бидат казнети поинаку, освен според тоа како што постапувале?!