عربيEnglish

The Noble Qur'an Encyclopedia

Towards providing reliable exegeses and translations of the meanings of the Noble Qur'an in the world languages

The Dawn [Al-Fajr] - Macedonian Translation

Surah The Dawn [Al-Fajr] Ayah 30 Location Maccah Number 89

1. Се колнам во зората,

2. и во десетте ноќи,

4. и во ноќта кога исчезнува!

5. Зарем за паметниот тоа не е заклетва?

6. Зарем не знаеш, со народот Ад, Господарот твој што стори;

7. и со жителите на Ирем, кои имаа градби со високи столбови,

8. на коишто слични во ниедна земја им немаше;

9. и со народот Семуд, кои ги делкаа карпите во долините,

10. и со фараонот што имаше шатори; –

11. кои на земјата насилство чинеа

12. и пороци на неа умножија.

13. Па Господарот твој со камшикот на страданието ги казни,

14. зашто Господарот твој, навистина, набљудува сè!

15. А човекот, пак, кога Господарот негов сака да го искуша, па ќе му покаже почест и ќе го опсипе со благодати, вели: „Господарот мој кон мене благородно постапи!“.

16. А кога, пак, ќе го искуша со сиромаштија, човекот вели: „Господарот мој ме понижи!“.

17. А не е така! Вие внимание на сирачето не му посветувате,

18. и сиромавиот да се нахрани – еден со друг не си советувате,

19. а наследството алчно го јадете

20. и богатството претерано го сакате!

21. А не чини така! Кога Земјата на парчиња ќе се здроби,

22. и кога Господарот твој ќе дојде со мелеците во редови наредени,

23. и кога тој Ден Џехенемот ќе биде доведен; тогаш човекот ќе се сети – а за што ќе му е тогаш сеќавањето?! –

24. и ќе рече: „Камо среќа за овој живот да се подготвев!“

25. Тој Ден никој како Него нема да казнува,

26. и никој како Него нема во окови да врзува!

28. врати Му се на Господарот свој задоволна, а и Тој од тебе задоволен.

29. Па влези меѓу робовите Мои,

30. и влези во Џенетот Мој!