عربيEnglish

The Noble Qur'an Encyclopedia

Towards providing reliable exegeses and translations of the meanings of the Noble Qur'an in the world languages

The morning hours [Ad-Dhuha] - Macedonian Translation

Surah The morning hours [Ad-Dhuha] Ayah 11 Location Maccah Number 93

1. Се колнам во утрото,

2. и во ноќта кога ќе стивне.

3. Господарот твој не те напуштил и не те замразил!

4. Оној свет, навистина, е подобар за тебе од овој свет,

5. а Господарот твој тебе сигурно ќе ти даде, па ќе бидеш задоволен!

6. Зарем ти не беше сираче, па Тој те заштити?

7. И за вистинската вера не знаеше, па Тој те упати?

8. И сиромашен беше, па Тој те збогати?

9. Затоа сирачето немој да го понижиш,

10. а просјакот немој да го одбиеш,

11. и за благодатите на Господарот твој кажувај!